Долгогодишниот менаџер на Барнли, Шон Дајч, како што пренесоа британските медиуми дека бил огорчен од Винсент Компани, кој го наследи на тренерската позиција во клубот.
Младиот белгиски стручњак летово, на општо изненадување на фудбалската јавност беше назначен за тренер на Баерн, откако со Бранил испадна од Премиер лигата.
Баерн со Компани е на чекор до титулата во Бундеслигата и се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите, каде Баварците ќе се соочат со Интер.
Дајч, кој во текот на сезоната доби отказ од Евертон, не штедеше зборови на критики кон Компани, а сето тоа поради Барнли, за кој чувствува дека е негов клуб.
„Потрошив девет милиони фунти во Барнли во 2014 година и испаднавме од Премиер лигата со 33 поени. Компани освои 24 поени, иако потроши 127 милиони фунти на засилувања. А потоа доби работа во Баерн”, изјави Дајч, а потоа изговори уште поневеројатни зборови:
„Ништо не ми е јасно. Не знам како функционираат овие работи. Посакувам и јас да работев така, по се што се случи да го преземам Баерн”, истакна Дајч.
Текстот „Компани потроши 127 милиони фунти испадна со Барнли од Премиер лигата и доби работа во Баерн“ е превземен од МАКФАКС.