Компанијата „Nothing“ дополнително ја разгорела фантазијата на љубителите на технологијата, воочи премиерата на нивниот телефон.

Advertisements

На социјалните мрежи се појави фотографија од „Nothing 1“, а прво што „паѓа в очи“ е транспарентната футрола.

Како изгледа?

Стаклото не ги открива компонентите на уредот туку заштитните панели.

Гледаме модул со две камери, бочни копчиња за зголемување и намалување на звукот и отвор за бочно полнење, за што се шпекулира од почетокот.

Доколку треба да им веруваме на гласините, телефонот ќе поседува 6.55-инчен OLED екран (резолуција 1080х2400), батерија со капацитет од 4.500 mAh, 8GB RAM-меморија и најмалку 128GB простор за собирање податоци.

Покрај snapdragon процесорот, најавен е и NothingOS (модифицирана верзија на Андроид), така што љубителите на телефонот со нетппение го очекуваат 12 јули кога е закажа премиерата за телефонот.

Прикажи повеќе