Комбинацијата од јаболко и цимет фантастично го регулира метаболизмот и ефикасно ја намалува тежината, елиминирајќи го вишокот на задржани течности во организмот.
Антиоксидансите од циметот го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат потребата на организмот за јаглени хидрати, притоа не поттикнувајќи претерано лачење на инсулин, што е важен фактор доколку сакате да се ослободите од вишокот на килограми.
Експертите навеле дека со употребата на цимет, лачењето на инсулин е под контрола, што овозможува успешно топење на масните наслаги.
Истражувањата покажале дека со консумацијата на само половина лажица цимет дневно може да се намали нивото на лошиот холестерол. Исто така, циметот помага и при проблемите со варењето и влијае на намалувањето на триглицеридите.
Комбинацијата од јаболки и цимет фантастично го регулира метаболизмот и ефикасно ја намалува телесната тежина, притоа елиминирајќи го вишокот на задржани течности во организмот.
Состојки:
-Едно јаболко
-Едно стапче цимет или пак една лажица цимет во прав
-Од 1,5 до 2 литри зовриена или филтрирана вода
Подготовка:
Исецкајте го јаболкото на мали парчиња, додадете едно стапче цимет (или 1 лажичка цимет во прав) и прелијте ги со зовриената, но оладена вода (или филтрирана).
Оставете го напитокот да отстои од 1 до 2 часа и консумирајте го во текот на денот, кога и да посакате.