Нова варијанта на коронавирусот наречена комбикрон е откриена во неколку европски земји, вклучително и Белгија, и е комбинација од сите подвидови на сојот омикрон.

Advertisements

Експертите истакнуваат дека засега нема причина за паника бидејќи се чини дека оваа мутација не се шири побрзо и не дава потешка клиничка слика од претходните варијанти.

За комбикрон велат дека е создаден со мутација на моментално доминантниот подвид на вирусот омикрон во Белгија – БА2 и доминантниот подвид од соседна Франција.

Во исто време, во Европа е откриена мутација во видот делта и омикрон, наречена делтакрон, која сè уште не е потврдена во Белгија, но експертите предупредуваат дека овој хибриден вид може да предизвика проблеми доколку се спои со високата инфективност на омикрон и високиот патоген капацитет на делта.

СЗО пред неколку дена предупреди дека бројот на новите заразени повторно бележи раст и тоа за 11 отсто за првите две недели од март.

Прикажи повеќе