Подготовките се во тек за брзиот трансфер на дополнителните системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Киев, изјави денес врховниот воен командант на НАТО, Алекс Гринкевич.
„Соработуваме многу тесно со Германците за трансферот на „Патриот“, рече Гринкевич на конференција во германскиот град Висбаден.
Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела објави построг пристап кон Русија и му вети на Киев нови ракети и друго оружје. Во вторникот, тој рече дека некои ракети „Патриот“, кои доаѓаат од Германија, веќе се на пат кон Украина.
Текстот Командант на НАТО: „Патриотите“ ќе бидат доставени во Киев што е можно побрзо е превземен од МАКФАКС.