Командантот на украинската морнарица: Кијив би победил побрзо ако има дозвола за употреба на западното оружје длабоко во Русија

Командантот на украинската морнарица, Олекси Неижпапа изјави дека состојбата на војната ќе беше многу поинаква доколку сојузниците не му дадоа ограничувања на Кијив за употреба на западно оружје.

Во интервјуто за Скај њуз објавено на 27 јануари, вицеадмиралот Неижпапа сигнализирал дека Кијив би можел побрзо да ја добие војната доколку има дозвола да пука од западно оружје против цели во Русија.

„Мораме да имаме способности да се увериме дека Русија засекогаш ќе се откаже од помислата дури и да гледа во насока на Украина, вклучително и во морето“, рече Неижпапа, цитиран од Скај њуз.

Во октомври 2023 година, министерот за вооружени сили на Обединетото Кралство Џејмс Хепи рече дека неодамнешните напади на Украина врз руската Црноморска флота доведоа до „функционален пораз“ на руската морнарица во Црното Море.

Руската Црноморска флота, со седиште во окупираниот Крим, претрпе голем удар во септември 2023 година, вклучително и удари на командно место на 20 септември и на нејзиното седиште на 22 септември.

Украина тврди дека таа убила 34 руски офицери, вклучувајќи го и командантот на флотата, а повредила уште 105 војници.

Овие удари предизвикаа „речиси сигурно сериозна“ штета на флотата, објави Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на 26 септември. Способноста на флотата да продолжи со пошироките регионални безбедносни патроли и да ја спроведе својата де факто блокада на украинските пристаништа затоа најверојатно е намалена, се додава.

Според Скај њуз, нападот на 22 септември бил извршен со употреба на проектили со долг дострел „Олујна сенка“ обезбедени од Велика Британија.

Од почетокот на целосната војна, Генералштабот извести дека Украина уништила 23 руски бродови и чамци.

Подготви: Драган Мишев