Едно од најпрестижните научни списанија во светот – The Lancet – објави научна студија, којашто во форма на „пре-принт“ (т.е. пред експертски преглед) укажува дека ефективноста на вакцините против Ковид-19 значително опаѓа со текот на времето.
Ова истражување индиректно ја посочува тезата дека не е во ред државите долгорочно да се потпрат на системот на пропусници за КОВИД ако сакаат да го запрат брзото ширење на инфекцијата.
Во студијата “Effectiveness of Covid-19 Vaccination Against Risk of Symptomatic Infection, Hospitalization, and Death Up to 9 Months: A Swedish Total-Population Cohort Study“, шведските научници тврдат дека по одредено време кај одредени вакцини повеќе не може да се потврди ефикасност по прашањето за заштита од инфекција. Поради тоа, препорачуваат трета доза.
Тие обработиле група од вакцинирани и невакцинирани лица за да ја споредат ефективноста на вакцината. За вакцината на Pfizer (BNT16n2), тие заклучиле дека нејзината ефикасност против инфекција постепено се намалува – од 92 проценти, колку што е помеѓу 15-30 дена по вакцинацијата, на 47 проценти помеѓу 121-180 дена по вакцинацијата. На 211 дена по вакцинацијата тие воопшто не можеле да ја утврдат ефективноста на оваа вакцина во споредба со невакцинираните лица.
Со други зборови, вакцинираните по седум месеци се подеднакво заштитени од инфекција со САРС-КоВ-2 како и невакцинираните и дефинитивно треба да земаат засилена доза. Но, фактот што вакцината повеќе не штити од инфекција не значи дека таа повеќе не штити од тешки исходи; хоспитализација и смрт, се додава.
Швеѓаните открија дека заштитата од тешки исходи е добра дури и по 9 месеци, но сепак значително опаѓа кај мажите, постарите и изнемоштените и луѓето со коморбидитети.