Легендарниот италијански судија и шеф на судискиот комитет на УЕФА, Пјерлуиџи Колина, ќе предложи промена во начинот на изведување на пенали.

Колина (65) важи за еден од најдобрите судии во историјата на фудбалот.

Затоа УЕФА го назначи за шеф на судиите во 2017 година, а со оглед на тоа што тој се уште е на оваа позиција, неговиот предлог би можел да биде усвоен.

Италијанецот сака да го укине правилото играчот да може да игра со топката во случај голманот да го одбрани неговиот удар.

Според мислењето на Колин, ова би ги зголемило инаку намалените шанси на голманот да одбрани удар од белата точка.

„Верувам дека има голема разлика помеѓу шансите што ги имаат голманот и напаѓачот. Во просек, 75 проценти од пенали се реализираат. Покрај тоа, на напаѓачот му се дава дополнителна шанса да постигне гол откако ќе биде одбиена топката и голманот одбрани. Сметам дека голманите треба да се жалат“, рече Колина.

Славниот италијански судија дека во врска со ова прашање му се обратил на ИФАБ (Меѓународен одбор на фудбалска асоцијација), побарал да се преиспита правилото.

Колина ја заврши својата кариера во 2005 година, тој е шесткратен добитник на наградата за најдобар судија во светот од Институтот за фудбалска историја и статистика.

Текстот Колина предлага револуционерна промена во изведувањето пенали е превземен од МАКФАКС.