Овој јули ќе биде динамичен месец и ќе ни донесе многу предизвици. Но, астролозите откриваат кои денови во јули ќе ни бидат најуспешни. Прочитајте во продолжение за кои датуми станува збор.Според астролозите, 2 јули ќе биде одличен ден за започнување нови бизниси и барање креативна инспирација бидејќи универзумот ќе ни пружи нова енергија на овој ден и ќе нè поттикне да започнеме одново.Датумот на огледало во јули ќе биде во знакот на бројот 7. Ова е бројот на чиста среќа. Големи се шансите на овој ден нешто пријатно да се појави во животот на секој од нас – нова личност, нова желба. На овој ден можете да очекувате добро расположение и зголемување на самодовербата. Но, тоа ќе важи само за оние кои ќе ризикуваат!10 јули ќе биде ден на комуникација, флерт, романса, но и успешна креативна и деловна соработка. Луѓето ќе бидат многу продуктивни на овој ден и подготвени да започнат дијалог. Ова ќе биде совршен момент да склучите мир со луѓето со кои сте имале некакво недоразбирање.Транзитот на Меркур низ знакот Лав е многу поволен период за оние кои сакаат да потрошат дел од своите пари и време на забава и уживање. Покрај тоа, многумина од нас ќе имаат голема среќа на љубовен план, а ќе имаат и можност успешно да ги вложат своите пари – во недвижен имот, на пример.На овој ден Марс и Сатурн ќе бидат во стабилен и поволен аспект. Тие ќе бидат на спротивните страни на Земјата, што ќе предизвика силен бран на позитивна енергија. Тоа ќе биде ден полн со мотивација, инспирација и позитивна енергија. Животот на повеќето луѓе ќе се промени на подобро, бидејќи нивната психичка состојба значително ќе се подобри.Ова е многу интересен настан од гледна точка на астрологијата. Астролозите напоменуваат дека овој ден ќе помине во знак на позитивна енергија и добро расположение. Сонцето и Плутон ќе им помогнат на луѓето да се ослободат од незадоволството, депресивните мисли и сомнежите. Овој аспект поволно ќе влијае и врз самодовербата.Транзитот на Меркур низ Девица ќе се одвива сè до 4 октомври. Ова ќе биде период исполнет со креативност и подлабока комуникација. Што се однесува до 28 јули, тоа ќе биде ден на нови можности. На овој ден ќе треба да вложите повеќе труд доколку сакате да стекнете нови знаења.