Овие знаци имаат сосема различни карактери и треба добро да размислат пред да започнат каква било врска.
Овен и Риби
Овенот е енергичен, одлучен и искрен во секој момент. Од таа причина, тој е совршен лидер. Од друга страна, Рибите се многу емотивни и се ставаат на срце. Тежнеат кон совршена љубов и поради тоа Овенот го доживуваат како тежок и емотивно исцрпувачки карактер.
Лав и Бик
Ова се двата најтврдоглави хороскопски знаци. Скоро е невозможно да се согласат. Лавот по природа сака секогаш да биде во центарот на вниманието, а Бикот има побавен и порелаксиран пристап на животот. Единствена заедничка работа им е склоноста кон материјални работи. Но, сепак и тоа не е доволно за да успее нивната врска.
Advertisements
Близнаци и Скорпија
Близнаците се исклучително комуникативен знак. Постојано се во потрага по нови пријатели и не се срамат да покажат што чувствуваат. Но, Скорпиите се љубоморни и манипулативни, а тоа може да доведе до крај на врската.