Промени во расположението, раздразливост и анксиозностКлуч за добрата регулација на шеќерот е навремено и соодветно прилагодување на начинот и стилот на живот. Тоа значи сериозно внимавање на исхраната, елиминација на слатката храна и пијалоци, бели брашна, пецива и тестенини и внес на разноврсна храна во интегрална форма, со минимално процесирање и обработка. Важно е да се внесува многу зеленчук и антиоксиданти преку внес на овошја со низок гликемиски индекс, семиња, јатки, зачини и зачински билки. Секако составен дел на промените се и примената на редовна физичка активност, особено по оброците како и активности за подобра регулација на стресот (јога, медитација и други форми на релаксација).Стандардната таблетарна или инсулинска терапија не секогаш успева да го држи шеќерот под постојана контрола, поради што значајна поддршка даваат и додатоците на исхраната кои може да бидат лек за диjабетес од природата. Тие содржат внимателно одбрани растителни екстракти како што се екстрактите од горчлива диња, цимет, барберин, минералите цинк и хром, како и алфа липоичната киселина кои се и научно докажани дека помагаат во одржување на добрата контрола и регулација на шеќерот во крвта. Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.