Одлуката на „Газпром“ да ја прекине испораката на гас за Бугарија и Полска предизвика бурни реакции во ЕУ, но и шок на пазарот, бидејќи цените на бензинот скокнаа за повеќе од 20% во првите неколку часа. Европа најавува дека ќе ја намали зависноста од рускиот гас, но тоа ќе биде тешка задача бидејќи околу 45% од сите испораки на гас во Европа доаѓаат од Русија. Кои се најголемите купувачи на руски гас во Европа?

Advertisements

Податоците од кварталниот извештај на „Газпром“ за 2021 година покажуваат дека најголем купувач на руски гас во Европа е Германија со 28,9 милијарди кубни метри гас годишно. Следува Турција која секоја година од Русија набавува 14,6 милијарди кубни метри гас, додека Италија откупува 11,4 милијарди, Франција со 6,6 милијарди кубни метри гас, Австрија 5,4, Полска 5,2, а Холандија 4,2 милијарди кубни метри гас годишно.

На средина на оваа листа се: Унгарија, која според договорот со Русија купува 3,9 милијарди кубни метри гас, а потоа следи Словачка со 2,5, Велика Британија со околу 1,7 милијарди, Грција 1,6, а Полска 1,5 милијарди кубни метри гас, Романија и Србија со 1,2 милијарди кубни метри гас од Русија, а Данска и Финска по една милијарда.

Најмалку руски гас тече во Чешка (0,9) и Хрватска (0,8) се под една милијарда, Словенија (0,3), Швајцарија (0,2) и Босна и Херцеговина (0,1).