Имате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоа

Во продолжение прочитајте што велат светските доктори на оваа тема, што сметаат дека може да се случува во вашето тело и кога е потребно да закажете прегледи.

Дигате тегови или тешки предмети

Подигањето тешки тегови или предмети е секундарна причина за појава на модринки по вашето тело. Тоа значи дека вашите крвни садови се веќе многу слаби, а физичката активност уште повеќе им наштетува. Воедно, дури и да имате многу здрави капилари, пренапорната физичка активност може да ги оштети. Така на пример, дигањето тегови со преголема тежина, за којашто вашето тело сè уште не е доволно подготвено, може да е опасно. Честа е појавата на вакви модринки и кај децата коишто носат на грб многу тешки ранци за на училиште. Во принцип, ваквите модринки не се нешто опасни по здравјето, но се индикација дека премногу се оптоварувате со тежина, којашто вашето тело не може да ја поднесе.

Пиете лекови

Одредени лекови влијаат врз крвта и истите можат да предизвикаат појава на модринки, коишто можат да варираат од одвај забележливи, до многу сериозни. Најчесто, тие се предизвикани од антидепресиви, аналгетици, антиинфламаторни лекови, антиасматични лекови, како и оние коишто содржат железо во составот. Најчестото апче коешто ја прави крвта потечна и доведува до појава на модринки на кожата, е аспиринот. Доколку имате забележано поврзаност помеѓу пиењето на одредени лекови и појавувањето модринки на вашата кожа, потребно е да се консултирате со лекар. Можеби ќе ви биде кажано дека морате да престанете да ги консумирате тие апчиња, за да избегнете внатрешно крвавење.

Имате некоја болест на крвта

Болестите поврзани со крвта и крвните садови, можат да предизвикаат појава на модринки. Проширени вени, Вон-Вилебрандова болест, тромбоцитопенија и леукемија, најчесто настануваат поради проблеми предизвикани од циркулацијата на крвта. Никако немојте да ја одложувате посетата на доктор, особено доколку имате забележано и други загрижувачки симптоми, како што се: болни и отечени нозе, крвавење на непцата, мали капиларни точки на телото или крвавења од нос.

Имате недостаток од витамини

Појавата на некои необјасниви модринки, може да бидат сигнал дека вашето тело има недостаток од некои хранливи состојки, на пример некои витамини. За малите деца, секогаш се грижиме да ги примаат во доволни количества, но ние возрасните, честопати забораваме на нивната важност. Така на пример, витаминот Б-12 игра значајна улога во производството на крв, витаминот К е одговорен за коагулација, а витаминот Ц има клучна улога во создавањето нови ткива. Без овие витамини, крвните садови стануваат многу кревки. Друг, исклучително важен витамин, е витаминот П. Без него, невозможно е производството на колаген, па крвните садови стануваат многу тенки, а тоа доведува до влошување на состојбата на кожата. Исто така, балансот на железо во организмот, е многу важен. Доколку имате премалку или премногу железо, тоа лошо се одразува на капиларите.

Како и да е, немојте да избрзувате за да купите витамински таблети, пред да направите тестирање за да видите дали имате недостаток од некои витамини и дали треба да ја подобрите вашата исхрана. Извори на витамин П, се свежо приготвен зелен чај, јаболка, тиква и лук. Витаминот К, го има во бананите, јајцата, јаткастите плодви и масните риби. Б-12 го има во џигерот, рибата, сирењето и марулата.

Имате хормонална нерамнотежа

Промените во хормоните, се најчеста причина за појава на модринки, особено ако имате недостаток од естроген. Тоа се случува доколку сте во период на менопауза, примате хормонска терапија или сте бремени. Недостатокот од естроген, значително ги слабее крвните садови и ѕидовите на капиларите можат многу лесно да се оштетат.

Повозрасни сте

Друга тажна, но природна причина за појавата на модринки, е возраста. Васкуларниот систем слабее со текот на годините, а ткивата ја губат својата еластичност. Модринките поврзани со возраста, најчесто се појавуваат на нозете, но не се опасни.

Дијабетес

Шеќерот во крвта, е првата работа којашто на сите им паѓа на памет кога некој ќе ја спомне оваа болест. Дијабетесот има негативно влијание врз циркулацијата на крвта, поради што многу лесно се појавуваат модринки по телото. Воедно, појавата од модринки може да е показател дека боледувате од оваа болест, уште додека е во многу рана фаза. Други симптоми коишто можете да ги чувствувате доколку боледувате од дијабетес, е честа појава на жед, на вашите рани им треба подолго време да заздрават, лесно се изморувате, визијата ви е заматена или имате бели дамки на кожата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.