Екипата на Кожув новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија ја отвори под очекувањата и четирите порази во низа го натераа раководството на клубот да се активира на трансфер-пазарот и да донесе нов кошаркар.
Гевгеличани се посилни одсега со услугите на српскиот плејмејкер Еди Синадиновиќ, кој е добро познат во мак-кошарката, затоа што трансферот во Кожув за него значи враќање во Првата лига, откако претходно ги бранеше боите на МЗТ Скопје, Овче Поле и Куманово.