Доколку се чуствувате алергични на секој разговор за романтика, кога љубовните песни ви се страшна патетика, кога надвор врне, а вие заспивате и се будите сама во креветот, кога сите заљубени парови го мразите, кога бродовите на љубовта ви изгледа дека одамна го напуштиле вашето пристаниште на љубовта, тогаш потонете во солзи!
Но како да ја надминете оваа состојба во која веруваме дека секој од вас бил барем еднаш?
Споменувајте си што се тој/таа има, а на нив од реалноста околу вас им недостига. Секој од нив оценете го како помалку добар од она што вам ви е потребно. На критериумите дадете им орелски крилја да полетаат кон небото. Вие возвишете се и станете доминантни, станете ловци а не плен.
Ведрите утра ги започнувате со мислата повторно сум сам/а, легнувате со идејата дека никогаш нема да го пронајдете вистинскиот партнер за вас? Време е да го променете сето тоа.
Во моментот кога ќе почувствувате празнина во срцето, дека сте успешни на секое можно поле, освен на полето љубов, кога ќе почнете да се колебате за некои грешки од минатото, за сегашната ситуација, за што иднината ќе донесе, кога од желбата да гушнете некого се фаќате за вашето плишано мече од детството, тогаш време е да ги преземете конците на својот живот!
Отворете го плакарот, пронајдете го најновото парче облека, ставете го накитот кој прави да се чувствувате како крал/кралица и облечете ги чевлите кои ви даваат чувство на заводник/чка. Доколку сте девојка, нацрвете ги усните, заруменете ги обравчињата, обликувајте ги локните и свртете неколку телефонски броја.
Обратете се кај некој ваш пријател или пријателка или пак кај дечкото/девојката што душа дава да биде ваше партнер или кај другарот со кој што сте целосно своја во својата кожа.
Фатете некој од нив под рака, зачекорете со од на газела и глава високо дигната. Во секој локал вашиот став нека не оддава ниту траг за вашата осаменост, помислете дека вие сте со луѓе кои ве сакаат и набргу ќе се почувствувате така.
Со поглед преку рамо на шанкерот или на момчето/девојката од соседното сепаре, набргу ќе се чувствувате и како посакувани Повеќе нема да ве мачи мислата дека сте неконкурентна роба на пазарот, ниту парче кое станало демоде, туку се уште сте личност која многумина би сакале да ја имаат во својата мрежа.
Насмевнете се и покажете дека оптимизмот ви е верен пријател, погледнете го и покажете дека самодовербата не ви е слаба страна и заминете си затоа што се уште ја имате свежината која мислевте дека е исцедена од вас.
Набргу ќе тргне по вас, и тој/таа и многу други…