реклама

Здравствените проблеми многу често можат да бидат предизвикани не само од неквалитетната храна, туку и ако ја јадете најдобрата храна во погрешно време.

Доколку сакате да избегнете проблеми, обрнете внимание на времето од денот кое според нутриционистите е најдобро за консумирање овошје, зеленчук, млечни производи и слатки.

реклама

Банани

Бананите најдобро се јадат околу пладне. Богати се со калиум, го забрзуваат метаболизмот и работата на органите за варење. Затоа никогаш не треба да се јадат навечер.

реклама

Јаболка

Јаболката содржат пектин, кој го намалува шеќерот и холестеролот во крвта, па затоа е добро да се јаде како ужина помеѓу појадокот и ручекот. Подобро е да ги избегнувате навечер, бидејќи пектинот тешко се вари навечер.

реклама

Компир

Јадете компири само преку ден бидејќи се полни со минерали, го намалуваат холестеролот и ќе бидете сити за да го завршите работниот ден. Не се препорачува за вечера бидејќи јаглехидратите предизвикуваат вишок килограми.

Топло млеко

Топлото млеко навечер делува смирувачки, а една шолја пред спиење е доволна за мирен сон. Пожелно е да го избегнувате наутро бидејќи го отежнува варењето доколку не сте доволно активни во текот на денот.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови, односно грст ореви или бадеми, добро ќе влијаат на крвниот притисок и работната енергија доколку ги консумирате околу пладне. Доколку ги јадете навечер, а често, сметајте на вишок килограми, пренесува net.hr.

реклама