Новите мерки против ковид-19 од денеска ќе стапат во сила во Италија, што ќе значи дека секој вработен ќе мора да има сертификат за вакцинација, доказ дека прележал коронавирус или негативен ПЦР-тест.

Advertisements

Новите мерки, кои опфаќаат околу 23 милиони вработени во приватниот или јавниот сектор низ Италија, според критичарите, се контроверзни и наидоа на голем отпор, пишува ДПА.

Полицијата во Рим досега уапси 12 лица, вклучително и двајца водачи на екстремно десничарска партија, откако протестите против ограничувањата за спречување на коронавирусот се претворија во сериозни немири пред една недела.

За денеска се планирани нови собири во Рим, а пристанишните работници во Трст на северот од земјата планираат да го блокираат пристаништето во знак на протест.

Прикажи повеќе