Властите во Соединетите Држави истражуваат кој испратил коверти со фентанил и други супстанции до членовите на избирачките одбори во неколку сојузни држави, што е последна во серијата закани со кои се соочуваат изборните службеници.
Вакви писма се пријавени во најмалку три држави: Џорџија, Орегон и Вашингтон, пишува АП, a пренесува Гласот на Америка.
Меѓу оние кои добија писма биле членови на одборот од округот Фултон во Џорџија, кој ја опфаќа Атланта и се смета за еден од најголемите гласачки единици во државата.
Државниот секретар Брет Рафенспрагер рече дека дози од противотров – налоксон биле испратени до избирачките места како мерка на претпазливост.
„Ова е домашен тероризам и мора да биде осуден од сите функционери и оние кои сакаат тоа да бидат“, рече републиканецот Рафенспрегер.
„Властите во округот Лејн, Орегон истражуваат кој испратил писма со сомнителни супстанци во средата. Ниту еден од членовите на одборот кои дошле во контакт со ковертите не претрпел никакви негативни здравствени ефекти“, рече портпаролката на изборната единица Лејн, Девон Ешбриџ.