Претседателот на Владата на Република Македонија денеска присуствуваше и се обрати на ЈЗУ УК за ортопедски болести, каде во употреба беше пуштена реновирана хируршка сала. Со ова реновирање се заокружува еден процес кој значи осовременување на овие капацитети за лекување, хируршки интервенции и закрепнување на пациентите, на Клиниката. За реновирање на хируршката сала потрошени се 15.000.000 денари, пари обезбедени од Фондот за здравствено осигурување, а дел се донации.Сево ова претставува само еден мал сегмент на она што се прави во целиот систем на здравството и она што ќе се прави во оваа Клиника овде, со оглед на тоа што преостануваат уште 3 сали да бидат комплетно реновирани, дополнително и делот на КАРИЛ што ќе започне со комплетно реновирање, на тој начин ќе имаме многу посовремени услови на здравство коешто нашите пациенти го заслужуваат.
На крајот сакам да се заблагодарам за напорната работа и на менаџментот на оваа Клиника, на министерот за здравство, на неговата заменичка, на фондот за здравство со којшто на состанокот увидовме дека имаат одлична соработка.
Да посакам многу успех во работата и како што се вели – Што помалку пациенти што ќе ги користат овие услуги.“
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.