Три меморандуми за соработка потпишаа во Белград министрите на македонската и на српската Влада за време на официјалната посета на премиерот Ковачевски во Србија. Премиерот најпрвин беше дочекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, а подоцна и од премиерката Ана Бернабиќ. Страните потпишаа меморандум за олеснување на движењето на луѓе и стоки на границата Табановце-Прешево, што е резултат на процесот Отворен Балкан, и меморандум за електронско плаќање на патарините, како и во областа на енергетиката и рударството. Ковачевски и Брнабиќ оценија дека економските придобивки што ги имаа двете земји и Албанија од Отворениот Балкан се големи.
„Она што го донесе иницијативата Отворен Балкан е дека нашиот увоз или извоз од Северна Македонија во Србија ќе порасне многу побрзо за 56%. Така, оваа иницијатива прави рамнотежа и во моментов ако се погледне трговската размена, веројатно повеќе и одговара на Северна Македонија отколку на Србија. Но, тоа е само кога ќе ги видите бројките. Кога ќе ја погледнете целокупната трговска размена, таа расте многу побрзо отколку што би растела без иницијативата „Отворен Балкан“, рече Брнабиќ.
Фатлуме Дервиши