На состанокот на сите клубови од шпанската прва и втора лига беше донесен став итно да се санкционира Реал Мадрид поради притисокот шти константно го врши врз судиите.
Ова беше прва средба од ваков тип во Шпанија, а единствениот клуб кој не испрати претставник беше Реал Мадрид.
Со овој чин „кралскиот клуб“ јасно испрати порака за тоа што мисли за средбата и судиската организација по неодамнешните контроверзни одлуки на негова штета на мечот со Еспањол, кој актуелниот шпански шампион го загуби со 1:0.
По тој меч Реал „направи метеж“ во јавноста и излезе излезе со официјално соопштение, во кое ги обвини судиите и лигата дека работат против клубот.
Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид и Севилја јавно кажаа дека со соопштението Реал Мадрид очигледно врши притисок врз судиите.
„На клубовите од Ла Лига 2преку глава“ име се обвинувањата и притисокот на Реал Мадрид врз судиската заедница. На состанокот со Фудбалската федерација (РФЕФ), Ла Лига и Техничкиот комитет на судии (ЦТА) го покажаа своето незадоволство од однесувањето на Реал и бараат да се преземат мерки. Острата изјава на Реал по мечот со Еспањол, каде ниту Муниз Руиз ниту ВАР не го оценија сериозниот фаул на Карлос Ромеро врз Мбапе за црвен картон, беше „капката која ја прели чашата“. Никој од Реал не беше присутен на состанокот бидејќи на тој начин сакаат да го покажат својот однос кон ЦТА и судиската организација“, пишува „Марка“, инаку традиционално наклонета кон Реал.
Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузана, оваа средба ја нарече историска, бидејќи претставниците на клубовите и на судиската организација првпат можеа отворено да разговараат за сите горливи прашања.
Претседателот на шпанската фудбалска лига (Ла Лига), Хавиер Тебас, по состаномот изјави дека размислува да преземе правни мерки поради соопштениеро објавено од Реал Мадрид.
„Претераа, создадоа приказна за виктимизација. Сметам дека целта име да се поткопува конкуренцијата. Тоа што го направија е претерано. Тие го изгубија разумот“, рече Тебас.
Текстот Клубовите бараат итна казна за Реал Мадрид, Ла Лига најави дека ќе покрене правна постапка е превземен од МАКФАКС.