ЛА Клиперс, предводени од српско-хрватската комбинација, Богдан Богдановиќ-Ивица Зубац го победија Мајами 119:104, а Денвер Нагетс загубија од Минесота 96:115 и покрај тоа што Никола Јокиќ постгна една третина од поените.
Богдановиќ и Зубац имаа „дабл-дабл“ учинок против Мајами. Србинот го одигра најдобриот меч во сезоната (30 поени, 10 скокови, четири асистенции), а Зубац забележа 26 поени и 14 скокови. Одличен беше и ветерант Џејмс Харден со 24 поени, осум скока и 11 асистенции.
Минесота Тимбервулвс дефинитивно се криптониот на Денвер. Третата победа во низа ја забележаа убедливо, откако водеа во текот на целиот меч.
Ентони Едвардс со 29 и Џулуис Рендл со 25 поени ја предводеа Минесота. Јокиќ заврши со 34 поени, осум скока и четири асистенции, но не доби поддршка од соиграчите. Расел Вестбрук уфрли 19 поени, Џамал Мареј 12.
Текстот Клиперси на српско-хрватски погон победија во Мајами, Денвер не знае како да ја победи Минесота е превземен од МАКФАКС.