Екипата на Шкендија, в недела, ќе се соочи со Академија Пандев, во дербито од 21. Коло од Првата Фудбалска Лига на Македонија. Тоа ќе биде 15-ти дуел меќу овие две екипи, на кој тетовци бројат 8 победи и 2 нерешени, додека Академија Пандев има 5 победи.
Клинсман Цаке, пред овој предизвик истакна дека тетовци ја бараат третата пролетна победа.
„Имаме добар настап на почетокот на пролетната сезона, забележувајќи две победи во низа. Но, најважно е што и во двата меча бевме убедливи и во играта и во резултатот. Тоа влијаеше атмосферата во тимот да биде доста добра.
Несомнено во следниот натпревар в недела ќе влеземе да ја одбележиме третата последователна победа во пролетната сезона. Академија Пандев има добар тим кој поседува квалитет, но верувам дека ќе бидеме на очекуваното ниво и од мечот ќе излеземе со победа и три нови бода“, рече меѓу другото Цаке.
Натпреварот Шкендија – Академија Пандев, ќе се одигра в недела, од 14.00 часот.