Клиниката за урологија доби најмодерни апарати за хируршки зафати за пациенти. Софистицираните и современи апарати ги купило Министерството за здравство.

Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука. Станува збор за CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум и тие веќе се составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија, соопштија од МЗ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.