Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани.
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека дијагностичкиот центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.
Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС – ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп. Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа клиника, изјави Меџити.
Тој рече оти значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.
Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари, кажа министерот.
На отварањето на центарот присуствуваа и медицинскиот и организацискиот директор на клиниката, Дејан Докиќ и Суат Шаќиров.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.