Кијив: Руски крстосувачки ракети соборени над Кијив

Русија утрово го нападнаа Кијив со крстосувачки ракети, најверојатно Искандер-К, а проектилите се соборени на приодите кон градот, соопшти воената управа на Кијив.

Руските сили го нападнаа Кијив од север, се вели во соопштението и се додава дека ова е петти ракетен напад врз Кијив овој месец, пренесува Укринформ.

Ракетите се уништени со средства за противвоздушна одбрана на приодите кон градот и во моментов нема информации за штета или евентуални жртви.

Во главниот град на Украина и во голем број источни и северни региони претходно беше објавена воздушна тревога поради опасност од ракетен напад. /МИА