Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради допинг. Светскиот рекет број еден практично ќе ја пропушти само турнејата во САД и ќе може да игра на сите преостанати Грен слемови.

Социјалните мрежи вријат од реакции, а огромното мнозинство негативно гледа на договорот меѓу Светската антидопинг агенција (ВАДА) и италијанскиот тенисер.

Се разбира, со коментар се огласи и најголемиот критичар на Синер, Ник Киријос. Контроверзниот Австралиец твитна.

„ВАДА соопшти дека ќе биде казнет една или две години. Тимот на Јаник Синер направи се што беше во нивна моќ и си обезбеди тримесечна казна. Не изгуби титули, не загуби пари. Виновен или не? Тажен ден за тенисот. Искреноста во тенисот повеќе не постои“, заклучи Киријос.

Текстот Киријос: Каква е ова казна, не губи титули, не губи пари? е превземен од МАКФАКС.