Британската актерка Кира Најтли неодамна гостуваше во емисијата „Лорен“ каде изненади признавајќи дека само еднаш го гледала филмот „Love Actually“ во кој имаше улога.
„Го гледав само еднаш, а тоа нема врска со самиот филм. Сè што сум снимила сум го гледала само еднаш“, изјави таа.
Актерката тврди дека е задоволна од тоа што „Love Actually“ од премиерата расте и станува посебен.
„Луѓето го направија филмот дел од нивните божиќни традиции и мислам дека тоа е апсолутно прекрасно“, рече Најтли.
Во филмот „Love Actually“, Кира имаше само 17 години, а во него ја портретира Џулиет, која се омажи за Питер на почетокот на филмот.
Текстот Кира Најтли зборуваше за нејзиниот филм „Love Actually“: Го гледав само еднаш е превземен од МАКФАКС.