Според кинески хороскоп 2022-та ќе биде година на тигарот. Оваа година според кинеската астрологија ќе започне на 12-ти февруари. Што ве очекува годинава на личен, но и на професионален план?

Според кинескиот хороскоп годината на тигарот ќе понуди големи можности за просперитет.

Голем број обични луѓе ќе се стекнат со големо богатство. Постои можност за големи технолошки достигнувања, а се очекува и поголем прилив на пари и финансиска благосостојба.

Еве како ќе изгледа годината за секој од хороскопските знаци:

Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020)

За вас ова ќе биде година на промени, ќе се ослободите од голем дел од проблемите што ве измачуваа минатата година.

Сепак, не се препорачува да се обидете да направите промена на работното место или да се селите, а особено треба да бидете внимателни со финансиите.

Во август можни се поголеми финансиски добивки од бизнис патувања, а во септември и октомври, пак, постои можност за финансиски загуби.

На љубовен план ова ќе биде одлична година за претставниците што се во врска, а оние што се сингл ќе имаат можност за нови врски што ќе станат посериозни.

На здравствен план, мора да внимавате стресот на работното место да не ви предизвика поголеми здравствени проблеми.

Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021)

Оваа година претставниците на овој знак може да очекуваат животот во целост да им стане постабилен. Очекувајте позитивни промени на бизнис план, но ќе треба да работите напорно за да ги постигнете посакуваните резултати.

На љубовен план, оние претставници што се во врска нема да имаат никакви проблеми, додека оние што се сингл ги очекува пријатно изненадување: на почетокот на летото можно е да запознаете некого во кого брзо ќе се вљубите.

Поради вашата работна етика, упорноста и интуицијата ќе имате можност да забележите голем број успеси на работното место и да креирате поголем број контакти.

Сепак иако сте познати по тоа што работите напорно, не заборавајте и да одморите, за да не предизвикате несакани проблеми со здравјето.

Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022)

Ова е мирна година, што ќе ви донесе неочекувани придобивки. Со оглед на тоа што 2022-та ќе биде во знакот на Тигарот тоа значи и дека ќе биде мошне погодна за луѓето родени во тој знак.

Тигрите годинава ќе имаат можност да ги остварат сопствените цели.

На работното место ќе имате поголем број признанија, но мора да имате предвид дека како претставници на овој знак вие не копнеете за постојаност, па затоа можни се поголем број промени што ќе ви донесат личен и финансиски напредок.

Ова е година на страсна љубов за претставниците што се во сериозна врска, а слободните претставници ќе забележат дека спротивниот пол им посветува поголемо внимание.

Сепак, оваа ненадејна промена само ќе направи да бидете повнимателни и да се сомневате во намерите на другата личност.

Нема да имате никакви проблеми на здравствен план.

Зајак (1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023)

Нештата ќе ви се чинат посветли отколку што се и мора да бидете внимателни и реални, особено кога давате ветувања.

Работното место е стабилно, а нема да имате никакви поголеми финансиски проблеми, па затоа ова е добра година да почнете да штедите за следните години кога ѕвездите нема да ви бидат премногу наклонети.

Претставниците на знакот што се во сериозна врска ќе сакаат да го „зачинат“ односот со партнерот и да внесат малку повеќе страст. Слободните претставници може да очекуваат нови романтични средби, некои бурни авантури, но и страсна љубов.

На здравствен план не прескокнувајте ги редовните прегледи за да не се соочите со несакани проблеми.

Змеј (1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Оваа година ќе се соочите со поголем број несигурности, но можни се и поголем број позитивни промени. Постојат можности да се закрепнете од загубите што ги претрпевте во изминатите години.

Иако на полето на кариерата ќе ви се чини дека стоите во место, сепак можете да очекувате подобрување на финансиската состојба.

Можно е со партнерот да заминете на некое неочекувано патување каде ќе ги разбудите страстите. Слободните претставници на знакот пак, можно е да се впуштат во нови врски само затоа што им е здодевно.

Во февруари ќе треба особено да внимавате на сопственото здравје.

Змија (1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

За вас ова ќе биде тешка година во која тешко ќе ги реализирате сопствените планови, а ќе бидете разочарани затоа што луѓето не си стојат на зборот и не го исполнуваат тоа што ви го ветиле.

Можен е извесен финансиски напредок, доколку успеете да ги реализирате сопствените големи планови.

Иако финансиски ќе биде мошне поволна, сепак, претставниците што сакаат да постигнат поголем успех во поглед на кариерата ќе се соочат со поголем број тешкотии на овој план.

Претставниците на знакот што се во брак или во врска ќе се соочат со поголем број недоразбирања со партнерот.

Слободните претставници што ќе се обидат да се помират со некоја стара љубов ќе наидат на разочарување. Можни се нови средби со личности со кои имате голем број сличности.

Добро би било годината да ја започнете со редовен лекарски преглед, затоа што можни се повеќе здравствени проблеми.

Коњ (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Ова за вас ќе биде безбедна година во која сите проблеми ќе бидат сведени на минимум или пак во целост ќе бидете безгрижни.

Пред вас се повеќе креативни успеси и искуства на љубовен план. Нема да имате потреба да вложувате премногу напор за да ги реализирате замислените цели.

Затоа, ова е година кога ќе можете малку да одморите и да се опуштите од работа.

Слободните претставници на знакот ќе може да уживаат во романтични авантури и ќе уживаат во слободата, додека претставниците што се во врска конечно ќе почнат да го вреднуваат трудот што партнерот го вложува во врската.

Во поглед на здравјето ќе мора да научите да не ги собирате во себеси сите грижи, туку да најдете начин да се ослободите од нив.

Коза (1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Успешно ќе се справите со сите предизвици. Пред вас е година во која е забележите повеќе промени на личен и на професионален план, но сè ќе зависи од вас и од вашето лично расположение.

Доколку сакате да направите позитивни промени ќе биде неопходно да останете оптимистични. Иако можеби ќе ви се чини дека стоите во место во поглед на бизнисот и кариерата, сепак во текот на есента можни се и финансиски добивки.

На љубовен план, претставниците што се во врска можно е да поминат низ период на несогласувања, љубомора и расправии со партнерот, па затоа ќе биде неопходно да водат сметка и за неговите потреби.

За слободните претставници можни се нови и неочекувани романтични средби во текот на летото.

Во поглед на здравјето можни се проблеми со коските или пак со мускулите.

Мајмун (1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Најверојатно нема да имате можност да направите промени за нештата што ви создаваат поголеми проблеми.

Ова ќе биде година кога ќе се посветите на учење и усовршување нови вештини, а во втората половина од годината можни се нови бизнис средби што ќе бидат поволни за вас во текот на наредните години. Ова е година кога ќе имате стабилни приходи.

Слободните претставници на знакот нема да чувствуваат потреба да стапат во врска, па годинава најверојатно ќе ја поминат сами или ќе имаат голем број авантури.

Оние што се во врска ќе треба особено да внимаваат да ја зачуваат довербата кај партнерот, затоа што се можни расправии и несогласувања токму поради тоа.

На здравствен план нема да имате некои поголеми проблеми.

Петел (1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Ова за вас ќе биде мошне поволна година. Нештата ќе одат како „подмачкани“, а ќе имате можности за унапредување и признание.

На почетокот на годината можно е унапредување, затоа не дозволувајте финансиските проблеми да ве обесхрабрат, затоа што и тој проблем ќе успеете да го решите во втората половина од годината.

На љубовен план нема да забележите некои поголеми промени, но кон крајот на летото можно е враќање на некоја стара љубов која ќе се обиде повторно да ве освои и ќе се обиде да добие втора шанса.

Претставниците што се во врска ќе треба да обрнат внимание да не ја изгубат личноста што била со нив и во добро и во зло.

Доколку следите здрав начин на живот и се храните здраво, нема да имате поголеми грижи на здравствен план.

Куче (1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Ова ќе биде особено поволна година на бизнис план. Во 2022-та очекувајте да стекнете повеќе моќ, подобар статус и да бидете популарни.

Конечно ќе се ослободите од монотонијата на изминатите години, а ве очекуваат голем број возбудувања и промени.

Во однос на работата и финансиите, годината ќе ја започнете позитивно, а со голема посветеност ќе успеете да ги остварите замислените цели. Финансиските проблеми лесно ќе ги надминете.

На љубовен план, слободните претставници на знакот ќе имаат нови познанства. Оние што се во врска ќе уживаат во блискоста со партнерот и повторно ќе ги разгорат страстите во врската.

Ова ќе биде поволна година во поглед на здравствената состојба, внимавајте на стресот и на психичките проблеми.

Прасе (1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

Пред вас е година во која ќе работите напорно, но ќе уживате во придобивките од сопствениот труд. Ќе најдете решение за поголем број од проблемите што ве измачувале во изминатиот период.

Можно е унапредување на работното место, а ќе ги подобрите и односите со колегите и соработниците. Во текот на целата година ќе имате стабилни финансиски приходи.

Слободните претставници на знакот конечно ќе ја запознаат „вистинската“ личност, но тоа што сакате внимателно да ѝ пристапите на „ситуацијата“ може да значи дека ќе бидете екстремно внимателни па ќе ја пропуштите можноста.

Оние што се во врска може да заминат на некое романтично патување каде повторно ќе се разгорат страстите со партнерот.

Во пролетниот период особено треба да бидат внимателни претставниците на знакот што страдаат од хронични заболувања.