Кинескиот суд му изрече условна смртна казна на маж кој минатиот месец влета со својот автомобил во група пешаци, деца и родители во јужната провинција Хунан.
Хуанг Вен беше уапсен откако повреди околу 30 лица, меѓу кои и деца, се вели во соопштението на Средниот народен суд во Чангде.
Цензорите ги отстранија видеата од нападот од социјалните мрежи, а само кратки изјави од државните медиуми беа искористени за известување за случајот.
Нему му е изречена смртна казна со одлагање од две години, која вообичаено се заменува со доживотен затвор доколку осудениот не стори повеќе кривични дела во периодот.
Судот наведе дека обвинетиот на 19 ноември со својот автомобил влетал во толпа пешаци бидејќи претходно изгубил пари, па ја извадил својата фрустрација на минувачите.
Тој е уапсен на лице место откако се обидел и со оружје да нападне пешаци.
Текстот Кинескиот суд го осуди на условна смртна казна мажот кој влета со автомобил во пешаци е превземен од МАКФАКС.