Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го реши прашањето во однос на иднината на 25 годишниот Кингсли Коман, со тоа што фудбалерот стави потпис на договор со „Баварците“ со важност до 2027 година.
Претходниот договор на Коман истеуваше идната година, а крилниот напаѓач е дел од составот на „Баварците“ од 2015 година, па така не ги криеше импресиите по денешниот потпис.
„Премногу сум среќен бидејќи Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во светот, знам дека се уште имаме големи амбиции и во иднина, тука се чувствувам како во својот дом, тимот наликува на едно среќно семејство, среќен сум што моите најубави фудбалски години ги минувам во овој клуб“ рече Коман.