Министерството за надворешни работи на Кина денеска им порача на Соединетите Американски Држави да престанат да ја гледаат Кина преку сопствениот „хегемонистички менталитет“.
Одговорот на Кина доаѓа откако САД ја прогласија Кина за голема воена и ИТ закана, пренесува Ројтерс.
„САД ја шират теоријата дека Кина е закана само за да ја потиснат. Кина ги повикува САД да престанат и да ги поддржат активностите за независност на Тајван“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун.
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави дека остро го осудува и силно се спротивставува на САД да додадат кинески субјекти на црната листа за извоз.
Според портпаролот на министерството, Кина ги повикува САД да престанат да го генерализираат концептот за национална безбедност, пренесува Танјуг.
Текстот Кина со порака до Америка: Престанете да не гледате со хегемонистички менталитет е превземен од МАКФАКС.