Свлечиште предизвикано од дожд утрово затрупа куќа во селото Шижуанг во округот Сјујонг во југозападната кинеска покраина Сечуан, а пет лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Обилни дождови го погодија општината Џенгдонг, округот Суџонг, а локалните власти соопштија дека 24 лица што живеат во близина на свлечиштето се евакуирани, објави „Синхуа“.

Во меѓувреме, соседната општина Чонгкинг исто така беше погодена од екстремно обилни дождови, како резултат на што беа евакуирани повеќе од 550 жители, но досега нема жртви или исчезнати лица.

Кинеското Министерство за водни ресурси денес активираше итен одговор од четврто ниво за поплавите во јужната кинеска покраина Гуангдонг и последиците од тајфунот Данас.

Соопштението за медиумите на Министерството предупредува дека од среда до петок, Гуангдонг ќе биде погоден од екстремни дождови што ќе предизвикаат значително зголемување на нивото на водата во локалните реки.

Министерството ги повика локалните власти внимателно да ги следат временските промени и соодветно да ги применуваат мерките за контрола на поплавите за проектите за водоснабдување, пренесува Танјуг.

Текстот Кина: Обилни дождови, пет лица се водат како исчезнати, поради свлечишта се евакуира населението е превземен од МАКФАКС.