Кина ја смета ситуацијата во Газа како „многу сериозна“, со ризик од ескалација на копнениот конфликт од големи размери, а изгледите се „загрижувачки“ бидејќи се шират вооружените конфликти долж соседните граници, објавија кинеските државни медиуми, цитирајќи го специјалниот пратеник на земјата за Блискиот Исток.
Претставникот Жаи Џун рече дека Кина обезбедила и ќе продолжи да обезбедува итна хуманитарна помош за Палестинците преку Обединетите нации и преку билатерални канали за да помогне во ублажувањето на хуманитарната криза.
Жаи, исто така, рече дека Кина е подготвена да направи „се што е поволно“ за промовирање на дијалогот, постигнување прекин на огнот и враќање на мирот, како и промовирање на решение за две држави, објави кинеската централна телевизија.