Кина, која го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН, ќе направи се што може за да го врати мирот на палестинските територии, објави Министерство за надворешни работи додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат.
„Кина ќе направи се за да го повика Советот за безбедност да ги исполни своите одговорности, да ја одигра својата улога, да изгради консензус и да преземе одговорни и значајни активности што е можно поскоро за да се ублажи актуелната криза, да се гарантира безбедноста на цивилите и да се врати мирот, изјави портпаролот на Министерството, Ванг Венбин на редовната прес-конференција.
Изјавата на Кина доаѓа откако Израел ја засилува својата воена офанзива против палестинската исламистичка група Хамас. Кина минатата недела го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН.