Во Кина, земјата каде што првпат избувна пандемијата на коронавирус, е регистриран поголем број на заразени со новата Делта варијанта на ковид-19. Тоа ги натера властите да воведат нови ограничувања за патување.

Advertisements

Според Ројтерс, од 17 октомври до 14 ноември пријавени се вкупно 1.308 заразени со потврдени симптоми.

Некои области од изминатата недела почнаа да го ограничуваат влезот на луѓе од североисточниот град Далиан, каде што има најбрз раст на инфицирани.
Бројот на заразени во Кина е далеку помал во споредба со многу други земји. Со новата Делта варијанта се погодени 21 провинција, регион и општина, а кинеските власти се обидуваат да го блокираат преносот на заразата постапувајќи според владината политика на нулта толеранција.

Прикажи повеќе