Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во својата новогодишна честитка до рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северна Кореја е подготвена да продолжи со развојот на заеднички проекти „кои ќе придонесат за мирот и просперитетот на двете нации“.

Ким, исто така, изрази уверување дека 2025 година ќе биде „година на голема победа за руската армија и народ“.

Севернокорејскиот лидер истакна значителен напредок во односите меѓу двете земји и изрази желба за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство, објави Корејската централна новинска агенција (КЦНА).

Текстот Ким Џонг Ун: 2025 година ќе биде „година на голема победа за руската армија и народ“ е превземен од МАКФАКС.