Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја нема да се двоуми да ги употреби сите расположливи офанзивни сили, вклучително и нуклеарно оружје, доколку, како што рече, „непријателот“ се обиде да употреби сила за да го наруши суверенитетот на Северна Кореја, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Ким го критикуваше јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол за неговата закана дека ќе стави крај на севернокорејскиот режим, што ја упати во вторникот, по повод одбележувањето на воениот ден на Јужна Кореја, и рече дека коментарот покажува која земја ја уништува регионалната безбедност и мир, пренесува Ројтерс.

КЦНА соопшти дека Ким ги кажал овие забелешки во средата за време на посетата на базата за обука на единиците за воени специјални операции.

Текстот Ким Џонг Ун се закани со нуклеарен одговор доколку се наруши суверенитетот на Северна Кореја е превземен од МАКФАКС.