Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како „братска должност“, објави државната новинска агенција КЦНА.
Ким се сретна со рускиот претседател Владимир Путин вчера во Пекинг на маргините од прославата на капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Путин изрази „длабоко почитување“ кон севернокорејските војници кои се борат против Украина, додаде агенцијата.
Северна Кореја испрати војници, артилериска муниција и ракети во Русија за да ѝ помогне во војната со Украина.
Јужнокорејското разузнавање верува дека северниот сосед планира да испрати уште 6.000 војници, покрај тие илјада што веќе се во Русија. Исто така, објавија дека во рускиот регион Курск, каде што учествувале во борбите, досега загинале околу 2.000 од нив.
фото: принтскрин
Текстот Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност е превземен од МАКФАКС.