Спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд изјави дека е сигурен дека Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува германски „Скај Спорт“.

Актуелниот договор на Кимих со клубот од Минхен истекува на 30. јуни оваа година, поради што се појавија информации дека ќе се пресели во Реал.

„Сигурен сум дека Кимих ќе одлучи да продолжи да игра за Баерн“, изјави спортскиот директор на клубот од Минхен, Фројнд.

Кимих во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг.

„Јас дадов јасна изјава пред две недели. Ситуацијата не е променета. Искрено, не можам да давам нови информации на секои три дена. Во одреден момент ќе има некои вести, но нема да ги коментирам на секои три дена“, рече Кимич, очигледно алудирајќи на неговата изјава дека најмногу би сакал да остане во својот сегашен клуб.

Текстот Кимих: Не можам секои три дена да го повторувам истото е превземен од МАКФАКС.