Легендата на италијанскиот фудбал Џорџо Киелини најави дека наскоро ќе се повлече од италијанската репрезентација. Неговиот последен меч за „аѕурите“ ќе го има во јуни против Аргентина на стадионот „Вембли“. 37-годишниот играч првично планираше да биде дел од Светското првенство во Катар. Сепак, поразот од Македонија во „плеј-офот“ му ги промени плановите и го натера да се повлече порано од очекуваното. Инаку, Киелини играше во дресот на Италија 116 пати, и се најде на шестото место на вечната листа. Последен голем успех за него е освојувањето на Европското првенство минатата година.

Advertisements

Прикажи повеќе