Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, побарал да биде испратен на позајмица во некој италијански клуб.
Киеза минатото лето се пресели од Јувентус во Ливерпул за 12 милиони евра, но одигра само четири натпревари или 123 минути за клубот од „Енфилд“.
Тој сака поголема минутажа, а како што пренесуваат италијанските медиуми, за него се заинтересирани Милан, Рома и Наполи.
„Мирор“ објави дека управата на Ливерпул ќе му дозволи на 27-годишниот играч да замине на позајмица, но дека голем проблем е што ниту еден италијански клуб не е подготвен да плати ниту половина од неговата годишна плата од 7,5 милиони евра.
Затоа, Ливерпул ќе мора да преземе дел од платата на Киеза.
Киеза во кариерата играше за Фиорентина и Јувентус, за италијанската репрезентација одигра 51 натпревар и постигна седум гола.
Текстот Киеза побарал Ливерпул да го испрати на позајмица е превземен од МАКФАКС.