Украинскиот оператор со гас објави дека поради војната во таа земја денеска ќе прекине речиси една третина од рускиот гас што се транспортира преку Украина во Европа. Украинската компанија ГТС наведе дека војната ја спречува да стигне до делови од нејзиниот систем за да ја обезбеди неговата безбедност, особено во областите под руска контрола во регионот Луганск. Компанијата изјави дека со таа одлука ќе стопира околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно.

Advertisements

Како што е најавено, компанијата ќе ѝ понуди можност на Русија да го пренасочи гасот преку вториот премин, кој е во рацете на украинската влада. Компанијата наведува дека „постојано го информирала руски Газпром за заканите за транзит на гас поради дејствијата на окупаторските сили под руска контрола“ и укажала на потребата да престане да се меша во работата на нејзината фабрика, но дека тие повици биле игнорирани.

Прикажи повеќе