
Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг беше жртва на кибер напад минатата недела, соопшти Судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип станува збор.
Како што пренесува Ројтерс, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи, меѓу кои и имиња на заштитени сведоци и податоци за висок криминал.
Судот во своето соопштение навел дека продолжува со „анализа и ублажување на влијанието на овој инцидент“ со помош на холандската влада, додавајќи дека презема и чекори за зајакнување на својата сајбер безбедност.
МКС не даде дополнителни детали за степенот на нападот или за каков тип на кибер напад станува збор. МКС е основан во 2002 година од страна на десетици држави. Истражува наводи за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и има овластување да ги гони осомничените преку државните линии.