Британската глумица Кејт Винслет ја доби главната улога во ТВ-серијата „Јас сум…“ (I am…). Во неа ќе глуми и нејзината ќерка Мија Триплтон.
Серијата на Доминик Севиџ e од жанрот драма и е таква што во секоја епизода се појавува нов лик и нова приказна. Оскаровката и ќерка ѝ се дел од третата сезона, а епизодата со нив се вика „Јас сум Рут“.
Винслет и претходно има работено со својата ќерка. Тие двете глумеа во филмот на Алан Рикман – „Малиот хаос“ (А Little Chaos) од 2014 година.