Хари Кејн ќе пропушти неколкудневни тренинзи откако полесно ја повреди потколеницата, објави во средата бундеслигашот. Напаѓачот на Англија заработи повреда која доведе до внатрешно крварење пред ремито во вторник во Лигата на шампионите против Селтик (1:1).
„Не сум сигурен дали ќе можам да играм против Ајнтрахт Франкфурт во недела“, изјави Кејн откако Баерн се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите со вкупни 3-2, додавајќи дека тој исто така доживеа мала повреда на вилицата при судар на ремито на Баер Леверкузен минатиот викенд.
Баерн се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите и е лидер во германското првенство со осум бодови пред второпласираниот Баер Леверкузен. Кејн оваа сезона одигра 31 натпревар за Баварците. Тој постигна 29 и асистираше за 10 голови на неговиот тим.
Текстот Кејн се здоби со две повреди на два натпревари, ќе мора да мирува е превземен од МАКФАКС.