Мигрантските бранови во јануари ќе бидат половина од оние во декември, кои пак беа над половина во однос на септември. Имаме намалување од над 70-75 отсто од кулминацијата во септември, истакна министерот за миграција и азил на Грција Димитрис Керидис во интервју за грчката телевизија ЕРТ.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на копнената граница со Турција, кај Еврос, според Керидис брановите се намалени за над 90 проценти.
Надлежниот министер истакна дека она што ги загрижува се мигрантите кои ќе дојдат од источна Либија.
– Имавме некои бранови кон јужен Крит и Гавдос, многу мали, но очигледно секогаш треба да бидеме во состојба на готовност, истакна Керидис.