Мојзе Кен се наоѓа во болницата во Верона, од каде пристигнаа првите информации за неговата здравствена состојба.

„Фиорентина соопштува дека фудбалерот Мојзе Кен заработил трауматска повреда на мозокот (trauma cranico) на натпреварот со Верона. Фудбалерот е во болница каде се прават тестови“, се наведува во краткото соопштение на официјалниот сајт на Виола.

Трауматска повреда на мозокот е промена на функцијата на мозокот или друга евидентна мозочна патологија предизвикана од надворешна сила.

На дуелот со Верона денеска на „Бентегоди“, најдобриот стрелец на Фиорентина оваа сезона, доби силен удар со колено во главата, по што стана и се обиде да продолжи, но набрзо изгуби свест и падна на тревата.

Лекарските тимови бргу реагираа, го изнесоа фудбалерот на носилки, а потоа го транспортираа до болницата во Верона.

Текстот Кен претрпел „трауматска повреда на мозокот“ е превземен од МАКФАКС.