Телефонски повик со Бритни Спирс, Парис Хилтон и Линдзи Лохан бил „капката што ја прелила чашата“ и довел до крајот на бракот меѓу Кевин Федерлајн и поп-ѕвездата, пишува во неговите нови мемоари You Thought You Knew, пренесе Page Six.

„Беше три или четири часот наутро. Таа, Парис и Линдзи беа пијани и ме молеа да дојдам. Во позадина ги слушнав моите синови Престон и Џејден како плачат. Тој повик беше крај,“ напиша тој.

Додаде дека претходно гледал фотографии од Бритни на забави, но дека тој момент ја уништил секоја надеж дека ќе се смират поради децата.

Во книгата се наведуваат и други тешки обвинувања – дека Спирс го удрила поради марихуана што еден негов пријател ја оставил во домот, дека ја видел како со пријателка шмрка кокаин, како и дека понекогаш ги гледала децата додека спијат, држејќи нож во рака.

Федерлајн тврди и дека Бритни го изневерила на почетокот на врската и му се јавила на поранешното момче Џастин Тимберлејк ден пред свадбата.

Тимот на Спирс (43) одговорил дека повторно некои луѓе профитираат од неа откако престанала алиментацијата. Нејзиниот портпарол истакнал дека пејачката се грижи само за благосостојбата на своите деца и дека веќе ги опишала своите искуства во мемоарите The Woman in Me (2023).

„Постојаната манипулација од мојот поранешен сопруг е болна и исцрпувачка. Пет години се обидувам да живеам мирен и приватен живот, но сега ми е доста,“ напиша таа, додавајќи во друга објава дека Федерлајн шири лажни приказни и се обидува да звучи убедливо.

Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2006 година и имаат два сина – Шон Престон и Џејден.

Текстот Кевин Федерлајн детално го опиша повикот по кој завршил неговиот брак со Бритни Спирс е превземен од МАКФАКС.