Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска го објави списокот со 24 фудбалери на кои ќе смета за претстојните дуели против Ерменија и Исланд во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.
Ново име на списокот на Милевски е фудбалерот на турскиот прволигаш Истанбулспор, Ваљон Етеми, кој на 27-годишпна возраст ќе има шанса да дебитира во националниот дрес, а по надминување на проблемите со повредата во тимот се враќа Енис Барди.
Македонските фудбалери влегуваат во завршниот ноемвриски циклус од мундијалските квалификации и дуелите против Ерменија, во Ереван на 11 ноември, и Исланд во Скопје на 14-ти овој месец, како третопласирани во групата Ј со 12 бодови, еден помалку од Романија на второто место, кое носи пласман во баражот.
Повикани репрезентативци за натпреварите против Ерменија и Исланд:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков
Одбрана: Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Езѓан Алиоски, Тодор Тодоровски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Никола Серафимов
Среден ред: Елиф Елмас, Енис Барди, Стефан Спировски, Тихомир Костадинов, Ердал Ракип, Јани Атанасов
Напад: Адис Јаховиќ, Милан Ристовски, Бојан Миовски, Александар Трајковски, Дарко Чурлинов, Ваљон Етеми.